Top Sport

Меси го стигна Роналдо и сруши аргентински рекорд на Батистута

Лео Меси погоди од слободен удар на мечот од Копа Америка – Аргентина против Чиле 1:1. За Меси тоа беше 57-ми гол за „гаучосите“ од слободен удар со што се изедначи на првото место меѓу активните фудбалери со Кристијано Роналдо.

Диего Марадона, за споредба постигна 62 гола од слободен удар во текот на кариерата.


Роналдо имаше голема предност во оваа категорија, но последните години многу малку погодува од прекин. За Аргентинецот ова беше четврти гол од слободен удар во последната една година, додека Роналдо толку има постигнато во последните 4 години.

Со синоќешниот погодок, 39-ти за Меси на Копа Америка, на СП или во квалификациите за тоа натпреварување тој изби на листата пред Габриел Батистута.

Scroll to Top