Top Sport

Меси го стопирал трансферот на Жуниор Фирпо?

Лионел Меси го блокирал трансферот на Жуниор Фирпо од Бетис во Барселона. Малдио шпански репрезентативец требаше да биде алтернатива за Жорди Алба на позицијата лев бек.

Фирпо зад себе има одлична сезона во дресот на Бетис, дури и постигна гол минатата сезона против Барселона кога екипата од Севилја победи 4:3 на „Ноу Камп“. Тренерот Ернесто Валверде го одобрил трансферот бидејќи Фирпо е играч што веднаш би можел да влезе во првиот тим.

Откупната клаузула на левиот бек изнесува 50 милиони евра, а Каталонците договориле исплата на помала сума и во трансферот да биде вклучен некој играч.

Трансферот сепак нема да биде реализиран бидејќи бил стопиран од човек во тимот, Меси.

Наводно во 2012 година на социјалните мрежи Жуниор Фирпо го навредил Аргентинецот. Напишал дека би сакал да му „скрши нога на Меси“ и со погрдни имиња го нарекувал најдобриот играч на Барселона.

Scroll to Top