Top Sport

Кузмиќ успешно опериран

Кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда соопшти дека центарот Огњен Кузмиќ бил успешно опериран во Ургентниот центар во Белград.

Со оваа операција во анатомска позиција биле вратени скршената горна вилица и останатите повреди на лицето. Клубот соопшти дека по хируршкиот зафат Кузмиќ може непречено да дише.

Здравствената состојба на кошаркарот е стабилна, иако тој и понатаму се наоѓал во вештачка кома.

„Состојбата на Кузмиќ е стабилна, но многу сериозна“

Scroll to Top