Top Sport

Меси и Гвардиола соработката требало да ја започнат во Хетафе

Лионел Меси и Пеп Гвардиола требало да завршат во Хетафе. Оваа неверојатна приказна ја раскажал за „Марка“ претседателот на клубот од Мадрид, Анхел Торес.

Анхел Торес бил во добри односи со поранешниот претседател на Барселона Џоан Лапорта. Разговарале и договориле Меси да им биде позајмен на Хетафе.

„Тоа беше во првата или втората професионална сезона на Меси. Малку валеше да заврши кај нас во Хетафе. На крајот работата ни ја расипа тренерот Франк Рајкард. Тој ја спушти рампата и нашата желба не се оствари“, рекол Торес.

Рајкард доби отказ летото во 2008 година, а во Барселона сакале негов наследник да биде тренерот на Хетафе, Михаел Лаудруп, инаку поранешен играч на Барса. Планот бил Лаудруп да оди во Барселона, а на негово место да пристигне тогашниот тренер на Б-тимот на Барса, Пеп Гвардиола.

„Бев со спортскиот директор на Барселона Чики Бегеристајн во Швајцарија. Планот им беше да го ангажираат Лаудруп, а во Хетафе да го испратат Гвардиола. Јас не бев за таа варијанта“.

Останатото е историја Гвардиола сепак во 2008 година стана тренер на Барселона и со Меси во наредните четири години освои 14 трофеи.

Лаудруп успеа со Хетафе во 2008 да игра финале во Купот на Кралот (пораз од Валенсија), а во Лига Европа испадна во четврт-финалето од Баерн Минхен.

На крајот од сезоната Лаудруп замина во Спартак Москва, а во Хетафе пристигна уште еден поранешен играч на Барселона, Виктор Муњоз.

Scroll to Top