Top Sport

Мијатовиќ за најважниот момент во кариерата: Престанете, не беше офсајд (Видео)

На денешен ден во 1998 година Реал Мадрид го прекина 32 годишниот пост во Лигата на шампионите. Реал со голот на Предраг Мијатовиќ постигнат во 66 минута го победи Јувентус. Финалето се одигра во Амстердам пред 48.000 гледачи го судеше Германецот Хелмут Криг.

На секоја годишнина од ова финале Мијатовиќ објаснува дека голот бил постигнат од регуларна позиција, иако снимката го покажува спрoтивното.

„Престанете да ме прашувате дали беше офсајд. Не беше, судијата не досуди ништо. Италијанците не се бунеа, а знаете какви се тие. Никој не крна рака. На снимката не можете да го забележите Песото кој направи лизгачки старт на левата страна, на почетокот на акцијата. Не бев во офсајд“, тврди Мијатовиќ.

Овој гол му донесе статус на легенда во Реал.

„Не играв долго за Реал, но сепак сум легенда. Голот што го постигнав ми го обезбеди тој статус“, заклучил Црногорецот.

Во финалето настапија голем број на славни фудбалери.

Јувентус: Перуци – Торичели, Монтеро, Јулијано, Ди Ливио – Дешам, Песото, Давидс, Зидан – Дел Пјеро, Инзаги

Реал: Илгнер – Панучи, Јеро, Санчиз, Роберто Карлос – Редондо, Седорф, Карембе 0 Раул – Мијатовиќ, Моријентес.

Scroll to Top