Top Sport

Далас победија во Денвер, Лејкерс го декласираа Мемфис (Видео)

Денвер Нагетс го забележаа првиот пораз во сезоната. На домашен терен Нагетс се порезени од Далас Маверикс 106:109. Двата тима од почетокот на сезоната имаат по три победи и еден пораз.

Неизвесниот дуел во Денвер гостите го решија во првата половина од последната четвртина кога со серија 20:6 ја создадоа клучната разлика која Нагетс не можеја да ја стигнат.

Нагетс можеа да изборат продолженија меѓутоа откако Лука Дончиќ не реализира две слободни фрлања, Џамал Мареј на три секунди до крајот не успеа да погоди за три поени.

Далас до победата дојдоа благодарение на тимската игра, девет играчи постигнаа двоцифрен број на поени. Макси Клебер и Тим Хардавеј постигнаа по 14 поени, Дончиќ 12, а Кристапс Прозингинс забележа 10 поени и 14 скока.

На спротивната страна Никола Јокиќ забележа нов трипл-дабл (10 поени, скокови и асистенции). Србинот го запиша вториот трипл-дабл во сезоната, а 30 во кариерата.

Најефикаен кај Денвер беше Пол Милсап со 23 поени, а по 16 поени постигнале Џамал Мареј и Гери Херис.

Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа третата победа во сезоната. Лејкерс убедливо ги поразија Мемфис Грозлис 120:91.

Ентони Дејвис доминираше со 40 поени и 20 скока (26 поени тој постигнал од линијата за слободни фрлања). „Веѓата“ е првиот играч на Лејкерс во изминатите 16 години кој за три четвртини забележал 40 поени и 20 скока.

Леброн Џејмс мечот го завршил со 23 поени, два скока и осум асистенции.

Scroll to Top