Top Sport

Дончиќ ги сопре „жешките“ Лејкерси! (видео)

Лука Дончиќ повторно имаше одлична партија со 27 поени, 10 асистенции и 9 скока за Далас маверикс да ги победат Лос Анџелес лејкерси на гости со 114:100 и да ја прекинат нивната одлична серија од десет победи.

Словенецот постигна 21 од своите поени во второто полувреме за Маверикс да победат по седми пат во последните осум натпревари и во исто време да ја забележат седмата победа во девет гостувања оваа сезона.

Делон Рајт додаде 17 поени и 9 скока од клупата, додека Двајт Пауел, Криштапс Порзингис и Џастин Џексин имаа по 15 поени. Ентони Дејвис заврши со 27 поени и 10 скока за Лејкерси, а Леброн Џејмс имаше 25 поени, 9 скока, 8 асистенции и 4 украдени топки.

Орландо Меџик пак, ја зголеми мизеријата на еднаш моќните Голден Стејт вориорс, победувајќи ги со 100:96, откако Еван Фурние имаше 32 поени за Меџик. Од друга страна Вориорс погодија само 6 од своите 23 обиди за тројки и го забележуваат својот 17. пораз во лигата, најмногу кај сите НБА тимови.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Орландо – Голден стејт 100:96

Торонто – Јута 130:110

Лос Анџелес клиперс – Вашингтон 150:125

Scroll to Top