Top Sport

Меси или Бензема, статистиката го фаворизира Аргентинецот

Реал Мадрид и Барселона, вечерва ќе се сретнат на „Алфредо ди Стефано“ стадионот, во уште едно Ел Класико.

Дербито е од исклучителна важност за двата тима, кои заедно со Атлетико се борат за шампионската титула. Според распоредот на табелата, двата тима ќе играат на победа, ремито е помалку посакуван резултат.

Како ќе се одвива натпреварот, многу ќе зависи и од учинокот на двајцата најдобри играчи на Реал и Барселона, Карим Бензема и Лионел Меси.

Двајцата играа во голема форма, Меси е прв стрелец во Ла Лига со 21 гол, Бензема има постигнато 19 и со Луис Суарез и Џерард Морено го дели второто место.

Вкупната статистика, кога се во прашање дерби мечевите е на страната на Меси.

Графика: Sofascore za Топспорт.мк

Scroll to Top