Top Sport

Меси: Имав друг план, но сега сум среќен што ќе се преселам во Мајами

Лионел Меси вели дека е „подготвен“ да почне ново поглавје во неговата фудбалска кариера со трансферот во МЛС тимот Интер Мајами, откако неговата прва желба за враќање во Барселона не се оствари.

35-годишниот Меси минатата недела потврди дека заминува во САД, и сега во интервју за аргентинскиот ТВ-канал „Публика“ изјави дека е целосно подготвен за тоа што е пред него.

„Се чувствувам добро. Прво, имавме поинаква идеја за да се вратиме во Барселона, но среќен сум со одлуката која ја направив. Подготвен сум за овој нов предизвик, за оваа нова промена. Одлуката беше многу важна, но постојано знаев што значи за мене, за мојот фудбал, и за семејството. Сите сме среќни“, вели Меси.

Вчера, Меси го постигна најбрзиот гол во неговата кариера, по 79 секунди при 2:0 победата над Австралија.

„Да бидам искрен, да не го освоевме Светското првенство, немаше повеќе да играм за репрезеентацијата. Но, сега не можам да го напуштам тимот како светски шампион. Сакам да уживам во овие моменти“, додаде Аргентинецот.

Scroll to Top