Top Sport

НБА го суспендираше Џа Морант на 25 меча!

НБА лигата одреди суспензија од 25 меча за ѕвездата на Мемфис гризлис, Џа Морент поради „однесување кое штети на лигата“, по неговите неколку инциденти со оружје во текот на изминатата сезона.

Гризлис го суспендира Морант на 14 мај по видеото на социјалните мрежи во кое тој се фали со пиштол. Претходно, НБА го казни Морант со осум меча во март поради сличен инцидент во ноќен клуб во Денвер.

„Одлуката на Џа Морант повторно да носи оружје на социјалните мрежи е вознемирувачко поради неговото претходно однесување. Потенцијалот други млади луѓе да го следат неговиот пример е посебно загрижувачки и затоа сметаме ддека суспензијата од 25 меча е прикладна за вакво неодговорно однесувањењ“, вели комесарот на НБА, Адам Силвер.

Морант ќе може да се врати на кошарката без услови, но дотогаш не смее да учествува во јавните настапи, вклучувајќи ги мечевите од пред-сезоната.

Scroll to Top