Top Sport

Црвена ѕвезда во Париз без Боачи

Ричмонд Боачи, напаѓачот од Гана, нема да биде во составот на Црвена ѕвезда на утрешното гостување во Париз, кај ПСЖ во Лигата на шампионите.

Боачи не успеал да се рехабилитира од повредата на бутниот мускул, поради што го пропушти и првенствениот меч со Младост.

Репрезентативецот на Гана, неодамна се врати во Црвена ѕвезда од Џиангсу Сунинг и до крајот на сезоната ќе биде во белградскиот тим позајмен играч. Инаку во првиот мандат во Црвена ѕвезда тој постигна 27 гола на 30 натпревари.

Експедицијата на Црвена ѕвезда, во вторникот отпатува за Париз. тренерот Владан Милојевиќ на располагање има 21 фудбалер.

Дуелот во Париз утре ќе започне во 19 часот. Во групата покрај ПСЖ и Црвена ѕвезда се уште и Наполи и Ливерпул.

Scroll to Top