Иднината на седумкратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси повторно е предмет на шпекулации во аргентинските медиуми, кои тврдат дека Аргентинецот ќе купи 35 отсто од акциите во МЛС клубот Интер Мајами, каде што делумен сопственик е Дејвид Бекам и ќе се приклучи како фудбалер во 2023 година.
Според „ДиректТВ“, Меси, кој минатото лето како слободен агент си замина од Барселона за да потпише договор со Пари Сен-Жермен, ќе го исполни договорот со францускиот клуб обидувајќи се да стигне до петта титула од Лигата на шампионите и да биде во топ-форма пред СП во Катар, по што ќе се пресели во САД. Интер Мајами во моментов е сопственост на легендата на Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам и браќата Хорхе и Хозе Мас.
Меси повеќе пати изјавуваше дека би сакал да се пресели во САД, каде што би се школувале неговите синови.
„Секогаш имав сон да уживам во искуството на живот во САД, да видам каква е лигата таму“, изјави тој во 2019 откако наводно купи луксузен апартман во Мајами.
?? BOMBA DE @Alex_candal ??
?️ "Messi va a adquirir el 35% de las acciones de Inter de Miami y en el verano de 2023 se incorporará al equipo" pic.twitter.com/GtLbjtF0P5
— Futbol Total DIRECTV (@DTVTotal) May 16, 2022