Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, синоќа бил нападнат на Ибица. Играчот на Барселона присуствувал на една забава кога неименуван маж започнал вербална расправија, а потоа се обиде и физички да се пресмета со него.
Обезбедувањето на забавата навремено интервенирало и спречило поголем инцидент. Играчот на Барселона минал без повреди.
Меси го завршува својот продолжен одмор што го доби од клубот поради учеството на Копа Америка. Во наредните денови тој ќе им се приклучи на соиграчите.
https://twitter.com/BT_Clips/status/1155646267852066816