Top Sport

Меси не бил убеден од менаџерските квалитети на Почетино

Францускиот спортски весник „Л’Екип“ тврди дека Лионел Меси не бил импресиониран од тренерските способности на Маурисио Почетино, сметајќи дека клубот може да тргне напред со подобар тренер.

Почетино беше именуван за тренер на ПСЖ на почетокот на 2020 по отказот кој го доби Томас Тухел и минатата сезона во драматичен финиш ја загуби француската титула од Лил. Притисокот на Аргентинецот се зголеми ова лето кога ПСЖ се засилија со Меси, Серхио Рамос, Ашраф Хакими и Џанлуиџи Донарума.

49-годишниот Почетино се мачи со менаџирањето на своите ѕвезди, посебно со неверојатното напаѓачко трио Меси-Нејмар-Килијан Мбапе, а тука беа и шпекулациите дека сака да ја прифати понудата на Манчестер јунајтед.

Меси и неговите луѓе се загрижени за слабата тактика на клубот и недостаток на вистински план на игра, кој најдобро се покажал при поразот од Манчестер сити. Почетино нема користено исти стартни 11 два меча во низа оваа сезона.

Scroll to Top