Top Sport

Рамос е воодушевен од трансферот на Азар

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, се огласил во јавноста откако клубот конечно го комплетираше трансферот на Еден Азар. Белгиецот го напушти Челси, за сума од околу 100 милиони евра. Со Реал тој потпиша петгодишен договор.

„Тој е фантастично засилување. Азар е играч од светска класа и сигурно е дека ќе биде големо засилување. Задоволен сум како клубот работи во преодниот рок“, рекол Рамос.

Капитенот на Реал проговорил и за шпекулациите дека ќе го напушти клубот и за големи пари ќе се пресели во Кина.

„Морав да организирам прес конференција и да ставам крај на шпекулациите. Најважно е што луѓето повеќе не разговараат на таа тема. Среќен сум што играм во Реал“, заклучил Рамос.

Scroll to Top