Top Sport

Меси: Никогаш не сум придавал големо значење на „Златната топка“

Лионел Меси ја одржа првата прес-конференција како играч на Интер Мајами. Аргентинската ѕвезда нема одиграно натпревар без постигнат гол откако се приклучи на клубот, а тимот се пласираше во финалето на Лига купот.

„Никогаш не сум и придавал значење на „Златната топка“, а по освојувањето на светската титула се помалку размислувам за тоа. Тимските трофеи се најважни. Драго ми е што во кариерата постигнав сѐ“, сподели Меси, кој е седумкратен освојувач на „Златната топка“ и фаворит и оваа година да се закити со највредната индивидуална награда.

„Со голема радост пристигнав во Интер Мајами. Одлуката ја донесов заедно со моето семејство. Ни се допаѓа градот и навивачите нѐ примија одлично. Од првиот ден со момците во тимот рековме дека треба да си поставиме нови цели. Се соочивме со добри мексикански тимови и ги победивме. Големо изненадување е што стигнавме до финалето“, прокоментира Аргентинецот.

„Опцијата да играм во САД секогаш ми беше на ум. На почетокот ми беше малку тешко поради топлото време, но сега ми е поудобно. Постепено се прилагодувам. Ќе биде одлично ако го освоиме трофејот. Не само за мене, туку и за целиот тим и за навивачите“, потенцира Меси.

Тој додаде дека никогаш немал намера да ја напушти Барселона и имал тешка одлука да потпише за Пари Сен Жермен.

Scroll to Top