Top Sport

Тео Волкот објави крај на кариерата: Сакам да го искусам животот

Поранешниот англиски репрезентативец Тео Волкот објави крај на активната фудбалска кариера. Тој донесе одлука да се повлече на 35 – годишна возраст откако му истече договорот со Саутемптон.

„Ќе ги закачам копачките на клинец. Страшно е чувството, не можам да лажам… Страшно е бидејќи фудбалот е сѐ што знам од мојата 16. година, можеби и порано. Сакам да пробам други работи, што не сум ги доживеал како дете, а ми недостасуваа многу. Сакам да го искусам животот“, изјави Волкот.

Тој во Премиерлигата одигра 397 натпревари за Арсенал, Евертон и за Саутемптон и постигна 80 гола со 64 асистенции.

Тео Волкот во дресот на англиската репрезентација забележа 47 настапи и постигна осум гола.

 

Scroll to Top