Лионел Меси ретко реагира на многубројните шпекулации кои се поврзуваат со неговото име, но овојпат јасно преку Инстаграм ги демантираше двете главни вести оваа недела – дека е подготвен да направи трансфер во Интер и дека му ја платил кауцијата од над милион евра на својот добар пријател, Роналдињо, за тој да излезе од парагвајскиот затвор.
Последните неколку дена главната тема беше наводната желба на Меси да направи трансфер во Интер поради лутината кон управата на Барселона, а аргенинскиот сајт „ТНТ“ дури објави дека почнале преговори со кои и Тијаго Алмада би завршил во Интер, додека Лаутаро Мартинез би се преселил во Барселона.
Другата вест исто така беше помалку бизарната вест дека Меси уплатил 1.6 милиони евра на својот добар пријател Роналдињо, по што тој беше пуштен од затворот во Парагвај и преместен во хотел со четири ѕвездички каде што ќе ја отслужи казната во домашен притвор до судењето.
„Ова се фејк њуз, а истото се однесува и на медиумските извештаи за Њуел олд бојс. Двете работи се лажни. За среќа, никој не им верува“, напиша Меси на Инстаграм.