Top Sport

Меси: Опоравувањето од КОВИД оди потешко од очекувањата

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси признава дека му е потребно подолго време од очекувањата да се опорави од инфекцијата со КОВИД-19, но ги увери фановите дека едвај чека да се врати во акција.

Меси беше позитивен при посетата на својот роден град Росарио во Аргентина за време на божиќните празници, кога беше на повеќе забави во градот. Оттогаш, тој се врати во Париз со негативен тест и ги извести фановите за плановите за 2022.

„Како што знаете, имав КОВИД и сакав да се заблагодарам на сите пораки кои ги добив и да ви откријам дека ми беше потребно повеќе време од очекуваното да се вратам во добра состојба. Но, сега сум речиси опоравен и едвај чекам да се вратам на теренот. Тренирам за да бидам 100  отсто подготвен и се надевам дека бргу ќе се видиме. Ви Благодарам“, пишува Меси на Инстаграм.

Саботниот меч од Лига 1 против Брест е најверојатно преран термин за враќање, а поверојатен датум е 23 јануари, кога ПСЖ дома го пречекува Ремс. Со 11 поени предност на врвот на табелата, Меси не е веднаш неоопходен во тимот на Маурисио Почетино, но мора да е во топ-форма пред дуелот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите – првиот меч се игра во Париз на 15 февруари.

Scroll to Top