Top Sport

Меси осигура Кике Сетиен да има победничко деби на клупата на Барса (видео)

Лионел Меси во 74. минута од мечот го постигна единствениот гол за Барселона, конечно, да го скрши отпорот на Гранада и да победи со 1:0 во првиот меч под водство на новиот тренер, Кике Сетиен.

Иако фудбалот можеби беше поубав за око во првото полувреме, Барса доминацијата не успеа да ја претвори во гол – тие имаа 82 отсто од поседот на топката во првите 45 минути и осум удари на гол.

Во 69. минута гостите останаа со играч помалку по црвениот картон на Херман Санчез и само 10 минути подоцна во убава претстава на „тики-така“ фудбал, Меси, Гризман и Видал направија шанса, која потоа лесно ја реализираше Лео Меси.

Со победата, Каталонците се вратија на првото место во Ла лига со 43 поени, колку што има и второпласираниот Реал Мадрид со послаба гол-разлика. Гранада по одличниот старт на шампионатот, сега се 10. со 27 поени.

Scroll to Top