Top Sport

Роналдо со магичен старт на 2020! Два гола за победа над Парма (видео)

Кристијано Роналдо ја почна 2020 со стил, откако ги постигна двата гола за Јувентус за 2:1 победата над Парма за три поени со кои се одвоија на +4 пред Интер на табелата во Серија А.

Откако ја почна годината со хет-трик против Каљари (4:0 победа), Роналдо стрелаше против Рома (1:2 победа) и сега против Парма за да собере шест гола само во јануари или 11 гола во последните седум меча од Серија А, иако за неколку години ќе го прослави својот 35. роденден.

Португалецот го отвори резултатот во 44. минута од мечот, кога неговиот удар беше пренасочен од одбранбените играчи на гостите за 1:0. Сепак, гостите успеаја во 55. минута да израмнат преку Корнелиус со убав гол со глава, по што на сцената повторно стапи Роналдо само три минути подоцна кога убавата топка на Дибала ја смести во голот на гостите.

Scroll to Top