Top Sport

„Меси остани и завршија кариерата во Барселона“

Челниците на Барселона одговориле на писмото на Лионел Меси во кое тој побарал да го напушти клубот. Според шпанските медиуми од Барселона му порачале дека сакаат тој да остане во клубот и да ја заврши кариерата на „Ноу Камп“.

Меси, синоќа, испратил писмо во кое наведува дека повеќе не сака да биде дел од клубот. Аргентинецот бил разочаран од насоката во која се движи клубот, а се кулминирало со дебаклот од Баерн (8:2) во четврт-финалето во Лигата на шампионите.

Иако во Барселона сакаат Меси да остане тие се подготвени на негово заминување но само доколку некој ја плати клаузулата од 700 милиони евра.

Меси има договор со клубот до 2021 година и ќе се обиде да го раскине. Шпанските медиуми тврдат дека целио случај може да заврши и на суд.

Scroll to Top