Лионел Меси постави толку високи стандарди во својата блескава кариера, но некој уште не е задоволен. Во интервју за каталонскиот „Спорт“, легендата на Барса открива дека неговиот најстар син Тијаго никогаш не е задоволен од неговите игри и дури му кажува како може да ја подобри својата игра.
„Тешко е да се справиш со поразите и лошите мечеви, но мојот син Тијаго ме тера да коментирам што се случило и да му објаснувам. Тој следи сè, постојано поставува прашања и ми дава забелешки кога нешто не е во ред. Да, веќе добивам големи критики од него. Тој бара многу кога се работи за Аргентина и за Барселона
Со 19 гола и 10 асистенции оваа сезона во Ла лига, како и шест гола во Лигата на шампионите, Тијаго би требало да биде задоволен од својот татко, но добро е да се знае дека некој го држи секогаш на „штрек“ Лео.
Со 31 година, Меси можеби ќе почне да размислува за крајот на својата кариера и за тоа што го остави зад себе. Тој е невообичаено скромен.
„На крајот, сите ќе се сеќаваат и ќе мислат за тебе така како што им одговара. И тоа е нивно право“, додава Меси.
Messi: “Thiago is very demanding when it comes to my performances with Argentina and Barcelona. I already received some criticisms. He follows both La Liga and the CL. He really likes it, asks questions and even gives me advice when things are not going so well.” [sport] pic.twitter.com/vqXvnHDG1B
— AFC Ajax ? (@TheEuropeanLad) January 28, 2019