Top Sport

Меси пак го победи Мбапе – „Л’Екип“ го прогласи за „Шампион на шампионите“

Лионел Меси можеби ја инспирираше Аргентина да ја победи Франција во финалето на Светското првенство во Катар, но тоа не значи дека Французите заборавиле на генијалноста на најдобриот фудбалер на денешницата, откако спортскиот весник „Л’Екип“ го прогласи за „Шампион на шампионите“, избор во кој ги победи Килијан Мбапе, Макс Ферстапен и Стеф Кари.

35-годишниот Меси собра неверојатни 808 поени, за победа пред Мбапе (381), Рафаел Надал (285), велосипедистот Ремо Евенепел (242) и Ф1 шампионот Макс Ферстапен (196). Во топ 10 се и Карим Бензема, Арманд Дуплантис, Стеф Кари, рагбистот Антон Дупон и пливачот Давид Поповичи.

Scroll to Top