Исфрустрираниот Лионел Меси признава дека нема изговори по 2:1 поразот на Аргентина од Саудиска Арабија во еден од најизненадувачките мечеви во историјата на Светското првенство и порача дека тимот мора да покаже „кои сме“ по крајот на серијата од 36 меча без пораз.
Аргентина (уште) се смета за еден од фаворитите за светската титула, но беа шокирани од солидниот саудиски тим, кој се врати од 1:0 негатива за 2:1 победа што значи дека „албиселесте“ сега мораат да избегнат пораз од Мексико за да имаат шанси за пласман во нокаут фазата.
„Знаевме дека Арабија се тим со добри играчи, кои знаат да ја движат топката и да одат во напад. Работевме на тоа, но премногу брзавме. Нема изговори. Сега мораме да останеме смирени и обединети. Оваа група е силна и веќе го покажа тоа. Во ваква ситуација не сме биле долго време и сега треба да покажеме дека навистина вредиме. Не очекувавме да започнеме вака, но работите се случуваат поради некоја причина. Мора да се подготвиме за тоа што е пред нас, да победиме бидејќи работите зависат сам од нас. Мораме да се вратиме на основата на нашит тим и да размислиме што е пред нас“, вели Меси.
#Qatar2022 🎙️ Lionel Messi: "Sabíamos que Arabia es un equipo con buenos jugadores, que mueve bien la pelota y que adelanta mucho la línea. Lo trabajamos, pero nos aceleramos un poco". pic.twitter.com/q6IUkgq1di
— Selección Argentina 🇦🇷 (@Argentina) November 22, 2022