Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека сегашниот тим на Ливерпул не е најголемиот тим во историјата на Премиер лигата, посочувајќи го составот на „ѓаволите“ под Сер Алекс Фергусон пред денешното дерби на „Енфилд“.
„Црвените“ се на добар пат да ја освојат лигашката титула првпат од 1990 година, откако Ливерпул го пречекува Јунајтед со 13 поени предност на табелата и натпревар помалку. Солскјер, кој освои шест титули од Премиер лигата и една од Лигата на шампионите под Фергусон вели дека за да се биде меѓу „најголемите“ потребна е долговечност.
„Ако гледате на долги патеки, најдобрите тимови се тие кои го повторуваат успехот сезона по сезона. Никој не доаѓа блиску до Сер Алекс во тој поглед иако јас ќе бидам првиот кој ќе признае дека Јирген Клоп заврши одлична работа во Ливерпул. Во овој момент тој знае што сака секојпат кога ќе излезат на терен иако сме на половина на секунда. Тие имаат 33 победи и 5 ремија во последните 38 меча, тоа е импресивно. Тие би можеле да стигнат до тројната титула оваа сезона, но ќе зборуваме за тоа во мај. Имаат тешки натпревари пред нив“, вели Солскјер.
Клоп пак, ги пофали „ѓаволите“ иако се на петтото место на табелата со пет поени зад Челси, сметајќи дека ќе влезат во ЛШ.
„Тие имаат навистина добар тим, талентиран и искусен. Има многу потенцијал на теренот и мислам дека оваа година ќе влезат во Лигата на шампионите. Секако, би можеле да не победат, но можат да играат толку добро колку што ние ќе им дозволиме. На нашиот стадион треба да го знаат тоа“, изјави Клоп.