Лионел Меси не ја крие желбата да игра во американската МЛС во иднина, додавајќи дека секогаш имал илузија дека би можел да ужива во животот во САД.
Ѕвездата на Пари Сен-Жермен има договор со францускиот гигант до јуни 2023 година, откако целата претходна професионална кариера ја помина во Барселона. 34-годишниот Аргентинец најави дека можеби неговата иднина е во САД, каде што би ставил крај на кариерата.
„Секогаш сум имал илузија дека би можел да уживам во искуството на живот во САД, да дознаам каква е лигата таму, каков е животот во САД. Би сакал да го направам тоа при крајот на кариерата, но не знам дали ќе се случи“, вели Меси.
Меси, кој денеска потврди дека е позитивен на КОВИД-19, има просечна сезона со ПСЖ, со само еден гол во 11 настапи во Лига 1, иако додаде пет гола во пет меча од Лигата на шампионите, главниот фокус на ПСЖ.