Top Sport

Меси пропушта три натпревари

Лионел Меси се повреди во вторникот против Вилјареал, а од клубот се уште нема официјална информација околу сериозноста на повредата. Единствено што објавија од Барселона е дека Аргентинецот се пожалил на повреда на адукторот.

Меси поради повредата на листот на ногата не ја започна сезоната, одигра 20 минути против Борусија Дортмунд и Гранада, а против Вилјареал го имаше првиот старт во сезоната.

Сепак по 30 минути се пожали на повреда, до крајот на полувремето шеташе низ теренот, а на полувремето беше заменет.

„АС“ тврдат дека Меси сигурно ќе ги пропушти наредните три натпревари. Барселона в сабота ќе гостуваат кај Хетафе, потоа ќе ги пречекаат Интер во Лигата на шампионите и Севилја во Ла Лига.

Scroll to Top