Top Sport

Венгер не би одбил повик од Манчестер Јунајтед

Арсен Венгер наскоро би можел да и се врати на тренерската работа. Човекот со кого се поврзани најголемите успеси во историјата на Арсенал не би одбил понуда од „Олд Трафорд“.

Венгер 22 години ги предводеше Арсенал, а во тоа време најголеми ривали му беа Алекс Фергусон и Манчестер Јунајтед.

Неодамна 69 годишниот тренер доби работа во ФИФА, меѓутоа и самиот признал дека тоа не е работа што го исполнува.

Манчестер Јунајтед очајнички посакуваат да се вратат на победничките патеки, а медиумите на Островото ги интересирало дали Венгер би прифатил евентуална понуда од „Олд Трафорд“.

„Тоа е работа од сништата за секој тренер со самодоверба и храброст. Го имам сето тоа…“, рекол Венгер, а потоа проговорил за Манчестер Јунајтед.

„На тој тим му требаат четворица првотимци, но јас сметам дека имаат добар тим. Не се толку далеку од врвот како што зборуваат луѓето. Проблемот е тимот нема препознатлив стил на игра, до тоа се доаѓа низ тренинзите. Како што кажав, четворица играчи и требаат и тогаш можат да се борат за трофеите во сите натпреварувања“, порачал Венгер.

Scroll to Top