Top Sport

АТП: Суспензија и парична казна за Ник Кирјос

Челниците на АТП, на чело со Гејл Дејвид Бредшо, го казниле Ник Кирјос. Контроверзниот австралиски тенисер добил „опомена пред исклучување“. АТП покренале постапка против Кирјос поради неговото однесување на турнирот во Синсинати.

Кирјос предизвикал скандал во Синсинати бидејќи плукнал во правецот на судијата Боби Марфи, а потоа и го навредил судијата во стол на мечот со Карен Хачанов. Поради ваквото однесување од страна на турнирот заработи парична казна од 113.000 долари.

АТП покренаа постапка и го донеле следниот заклучок.

„Кирјос се казнува со 25.000 долари и со суспензија која треба да го оддалечи од АТП турнирите во наредните 16 недели.“

Оваа казна е условна, односно АТП ќе надгледувале како се однесува Кирјос во наредните шест месеци. Доколку се однесувал коректно тогаш ќе мине без казна, но доколку направи некој инцидент тогаш АТП ќе ја активираат казната.

Инаку, условната казна што ја доби Кирјос доаѓа во периодот кога тој самиот објави дека поради повреда на рамото нема да игра низ турнејата по Азија, а прашање е дали воопшто ќе игра до крајот на годината.

Scroll to Top