Поранешниот шпански репрезентативец и фудбалер на Барселона, Бојан Кркиќ го промовира својот документарец во кој ги руши табуата дека фудбалерите не зборуваат за нивното ментално здравје.
Кркиќ, кој беше еден од најголемите таленти на Барселона и Шпанија, не можеше да се справи со притисокот, па со години се лечеше од депресија и анксиозност.
„Документарниот филм е нешто што долго време сакав да го направам, да ги пренесам моите искуства. Сакав да објаснам што доживеав. Ова не е документарец само за љубителите на фудбалот, оди понатаму, зборува за лични ситуации и не учи дека Лионел Меси не е пример“, вели Кркиќ и додава.
„Меси, Роналдо и Рафа Надал не се обични случаи и не треба да бидат пример за младите. Тие се извонредни. Успехот не е тоа, тоа е нешто што им се случува само на нив. Успехот може да се примени на различни сценарија. А нивниот успех само создава притисок“.
На прашањето да издвоиме пример за успешен спортист кој би бил добар пример за младите…
„За мене тоа е Серхио Каналес, бидејќи три пати го оперираше коленото и покрај тоа стигна до репрезентацијата. Тоа е пример за успех“, вели Кркиќ.