Разговорите што ги водат челниците на Барселона со Лионел Меси се пријателски, но тие се уште не му испратиле официјална понуда во врска со новиот договор. Меси е под договор со Барселона до 30.јуни.
Меси минатото лето сакаше да ја напушти Барселона, откако клубот не му дозволи, неговиот став омекна откако Џоан Лапорта стана претседател на клубот.
Барселона има намера да го задржи Аргентинецот уште најмалку две сезони. Ќе му испрати понуда во моментот кога Лапорта ќе ги добие извештаите од ревизијата. Познато е дека Барселона се наоѓа во тешка финансиска ситуација.
Специјализираниот портал „goal.com“, пишува дека поради тоа Лапорта се уште не излегол со конкретна понуда и покрај тоа што во изминатиот период се шпекулираше дека Меси добил понуда од клубот.
Свесен за тешката финансиска ситуација Аргентинецот би прифатил помала плата, но сакал гаранции дека Барселона ќе има конкурентен тим и дека наредната сезона ќе се бори за трофеите во Шпанија и Лигата на шампионите.
Според овој извор Меси ќе ја донесе одлуката откако ќе види како клубот ќе го одработи преодниот рок.