Договорот на Лионел Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, според медиумите тој се уште не решил каде ќе игра наредната сезона. Дали ќе остане во Париз или ќе се врати во Барселона? Медиумските шпекулации велат дека тој би можел да се пресели во САД, во Интер од Мајами, во Саудиска Арабија, дури и да се врати во Аргентина.
„Тој сериозно ја разгледува можноста да заигра за Њуелс“, изјави еден од најдобрите пријатели на Меси, пензионираниот Серхио Кун Агуеро.
Меси на клубот од родниот Росарио му се приклучи на осум години, а на 13 години замина во Барселона.
Агуеро со години играше со Меси во репрезентацијата, а пред две години потпиша за Барселона за да ја заврши кариерата со него, но Лео истото лето мораше да замине во Париз. Тој вели дека Меси во приватен разговор му ги открил плановите да се врати дома.
Инаку „Инфобае“, најави дека Меси би можел да игра во јуни на прошталниот натпревар на Макси Родригез, друг поранешен аргентински репрезентативец роден во Росарио, кој кариерата ја започна во 1999 година, а ја заврши во 2021 година во Њуелс Олд Бојс.
Тогаш клубот наводно треба да ги заврши преговорите и да го убеди најдобриот фудбалер на светот да се врати дома.
Сепак, Макси Родригез се обидува да ја смири еуфоријата, па порача дека Агуеро не треба да се сфаќа премногу сериозно.
„Кун е Кун, тој секогаш е палав и не знае да молчи. Ќе видиме, тешко е да се зборува за тоа бидејќи секогаш ќе има некакви шпекулации, нема да се мешаме”, рече Родригез. .