Top Sport

Меси се враќа на работа во ПСЖ следната недела

Лионел Меси ќе се врати во Франција за да продолжи со тренинзите со Пари Сен-Жермен следната недела, со што најверојатно ќе пропушти два меча од Лига 1 и дуелот од Францускиот куп против Шатеру, потврди тренерот на клубот, Кристоф Галтие.

35-годишниот Меси се врати во Аргентина со сега веќе легендарнот аргентински тим за прослава на светската титула, и Галтие вели дека му е потребен одмор.

„Лео имаше големо Светско првенство со неговата победа и мораше да се врати во Аргентин за прославите. Затоа решивме дека ќе биде надвор од тимот до 1 јануари. Ќе се врати на втори или трети за да ја продолжи сезоната, за да има барем две недели опоравување“, вели Галтие пред рестартот на француската Лига 1 утре со мечот против Стразбур.

Покрај враќањето на тренинзи, се очекува Меси да има клучен состанок со претседателот на клубот, Насер Ал-Хелаифи за најавеното едногодишно продолжување на договорот кој му истекува следното лето. Од друга страна, Нејмар и Килијан Мбапе му се достапни на Галтие за утрешниот меч против Стразбур.

Scroll to Top