Top Sport

Меси се врати со гол, ПСЖ лесно со Анжер

Лео Меси го постигна својот прв гол во 2023, во камбекот во дресот на Пари Сен-Жермен по долгата прослава на светската титула, за францускиот шампион да стигне до 2:0 победа над Анжер во 18. коло во француската Ла лига.

Откако, ПСЖ одбија да му направат чест со парада со трофејот од СП пред мечот на „Паркот на принцовите“, тој беше во стартниот тим на Кристоф Галтие. Иго Ектике ги донесе ПСЖ во водство по само пет минути игра и за вториот гол навивачите чекаа до 72. минута, кога Лео Меси го постигна својот 100. гол со десната нога во својата кариера.

Откако Ленс одиграа само 2:2 на гостувањето кај Стразбур, предноста на ПСЖ на врвот на табелата во Франција сега е шест поени.

ЛИГА 1, 18.КОЛО
Пари Сен-Жермен – Анжер 2:0
Лориен – Монако 2:1
Ница – Монпелје 6:1
Стразбур – Ленс 2:2
Троа – Олимпик Марсеј 0:2
Ајачио – Ремс 0:1
Оксер – Тулуз 0:5
Брест – Лил 0:0
Клермон – Рен 2:1
Нант – Лион 0:0


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top