Top Sport

Саутемптон го исфрли Сити од четврт-финалето на Лига купот!

Манчестер сити оваа сезона нема да го освојат Англискиот лига куп (Карабао купот), откако на „Сент Мерис“, Саутемптон успеа да стигне до фантастична 2:0 победа која нивните навивачи нема да ја заборават и тоа не само поради пласманот во полуфиналето.

Секу Мара успеа да го изненади резервниот голман на Сити, Штефан Ортега во 23. минута од мечот, за во 28. минута, Муса Џенепо да го посрамоти германскиот голман со фантастичен лоб-удар од 20-тина метри.

По ваквата негатива, Пеп Гвардиола реши во второто полувреме да ги постави во игра Де Брујне, Халанд, Аканџи и Аке, но иницијативата не донесе до голови.

Четвртиот полуфиналист, покрај Саутемптон, Њукасл и Манчестер јунајтед се Нотингем форест, кои по 1:1 по регуларните 90 минути со Вулверхемптон, стигнаа до 4:3 победа на пенали.

Scroll to Top