Лионел Меси продолжи преку медиумите да се пресметува со тренерот Кике Сетиен. Сѐ започна кога кога најдобриот светски фудбалер рекол дека Барселона не е доволно добра за да се бори за европската титула. Сетиен тогаш кусо одговори дека не се согласува со ставот на Меси.
Меси оваа изјава ја даде по нерешениот резултат 1.1 со Наполи во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.
„Можеби оваа пауза ќе ни биде од корист. Ќе видиме кога натпреварувањата ќе продолжат, доколку продолжат. Мислам дека тренерот не ја разбра добро мојата изјава. Сакав да кажам дека со играта што ја покажавме на последните неколку натпревари, пред да настане, паузата, не можеме да ја освоиме Лигата на шампионите“, рекол Меси.
„Никогаш не сум се сомневал во тимот и во можноста дека можеме да ги освоиме сите трофеи, но со ваква игра тоа нема да биде можно. Секоја има право на свое мислење и тоа треба да се почитува. Моето мислење се темели на фактот дека секоја година играм во Лигата на шампионите и знам што е потребно да се направи за да се освои трофејот“, заклучил Аргентинецот.