Top Sport

Меси: Сити и Јуве се силни…Кристијано беше импресивен

Најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси, рекол дека пред неговиот тим се наоѓаат потенцијално опасни ривали во четврт-финалето во Лигата на шампионите.

Барселона меѓу најдобрите осум се пласираше со победата 5:1, над Лион, во осмина-финалниот реванш.

Иако од понатамошните натпревари веќе испаднаа ПСЖ, Баерн Минхен, Атлетико и Реал Мадрид, Меси смета дека во ждрепката ќе се најдат квалитетни тимови.

„Погледнете само колку се силни Манчестер сити и Јувентус. Никој не е за потценување, па видете што му направи Ајакс на Реал. Се работи за одличен млад тим. Кого и да добиеме ќе ни биде тешко. Мораме да се подготвиме за најтешките дуели во сезоната“, рекол Меси.

На прашањето дали го следел дуелот помеѓу Јувентус и Атлетико, тој рекол.

„Очекував дека Атлетико ќе пружи поголем отпор, но Кристијано беше незадржлив. Имаше магична ноќ со три гола“.

Четврт-финалните двојки ќе бидат извлечени утре во Нион.

Scroll to Top