Top Sport

Почина директорот на Ф1 трките Чарли Вајтинг

Во пресрет на новата сезона тажна вест пристигна од светот на Формула 1. Прес службата на ФИА соопшти дека на 67-годишна возраст починал Чарли Вајтинг, директорот на трките во Формула 1 и делегат за безбедност во најбрзиот циркус во светот.

Прес службата на ФИА објави дека причина за смртна била белодробна емболија.

„Со голема тага соопштивам дека почина нашиот Чарли. Го познавав многу години, беше одличен директор на трките, централна и единствена фигура во Формула 1. Тој воспостави етика и внесе дух во овој фантастичен спорт“, рекол првиот човек на ФИА, Жан Тод.

Чарли Вајтинг кариерата во Формула 1 ја започнал во 1997 година во екипата на Хескет Рејсинг. Две децении подоцна (1997) бил именуван за директор на трките и за делегат за безбедност на ФИА. Беше стартер на сите трки во Формула 1.

Scroll to Top