Top Sport

Меси со договор „тежок“ 20 милиони долари со „Социос“

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси потпишал договор вреден над 20 милиони долари за промоција на компанијата за дигитални фан-токени „Socios.com“, јавува Ројтерс.

Со ова аргентинскиот фудбалер станува следниот славен спортист кој се вклучува во крипто-светот по квотербекот Том Брејди и ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс. Договорот кој Меси го потпиша со Пари Сен-Жермен минатото лето исто така вклучуваше дел од сумата во критповалути.

Меси ќе биде „амбасадор“ на компанијата и во тригодишниот договор не се вклучени исплати во криптовалути. „Социос“ е компанија која има договори со повеќе од 130 спортски клубови, вклучувајќи ги Пари Сен-Жермен, Барселона, Јувентус и Манчестер сити.

Фан-токените, пак, се посебен тип на криптовалути со кои фановите ќе имаат мало влијание на одлуките на нивните омилени клубови.

Scroll to Top