Top Sport

Меси со два гола стигна до 500. победа во дресот на Барса (видео)

Барселона се пласираше во четврт-финалето на Копа дел реј, откако на „Ноу Камп“ го „здроби“ Леганес со 5:0, покажувајќи дека е моќен тим и без повредениот Луис Суарез, во меч во кој Лео Меси го одбележа својот 500. триумф во дресот на Блауграна со два гола.

Антоан Гризман уште во четвртата минута го „начна“ прволигашот, за во 27. минтуа, Клемен Ленгле по асистенција на Лео Меси да зголеми за 2:0.

Крај на било каква неизвесност стави самиот Меси во 59. минута, за во 77. минута замената Артур да зголеми на 4:0, а Меси покажа дека е расположен за игра со гол во 89. минута.

Scroll to Top