Top Sport

Валенсија го доби Флоренци и го претстави со видео од „Casa de papel“ (видео)

Рома неочекувано реши да го прати капитенот Алесандро Флоренци, фудбалерот кој цела кариера го игра за „волчицата“ на позајмица во Валенсија, а шпанскиот прволигаш на интересен начин реши да го претстави 28-годишниот Италијанец.

Со видео од популарната шпанска ТВ-серија „Casa de papel“ (Куќа од хартија), „криминалецот“ го открива својот плен – Флоренци.

Флоренци доаѓа кај „лилјаците“ како позајмен фудбалер со опција неговиот договор да биде откупен во текот на летото.

Scroll to Top