Лионел Меси прати порака со сочувство до Мароко по катастрофалниот земјотрес кој го погоди Маракеш и во кој загинаа над 2.000 луѓе. Земјотресот од 6.8 степени го погоди Маракеш во петокот навечер, правејќи пустош во десетина градови.
Мароканските репрезентативци Софијан Амрабат и Хаким Зијеш, кои помогнаа Мароко да стане првата африканска нација со пласман во полуфинале на Светското првенство во декември, беа меѓу првите кои пратија пораки до својот народ, а сега им се приклучи и Меси, кој е со Аргентина на интернационаална пауза.
„Моето сочувство до сите семејства на жртвите на земјотресот во Мароко, и праќам сила на повредените и луѓето кои се погодени од оваа страшна катастрофа“, напиша Меси на Инстаграм.