Лионел Меси е именуван за нов капитен на Барселона по заминувањето на Андрес Иниеста од „Ноу Камп“, а новата лидерска група ја сочинува заедно со Серхио Бускетс, Жерард Пике и Сержи Роберто.
Меси, кој веќе е капитен на аргентинската репрезентација, ја добива честа по заминувањето на Иниеста во Висел Кобе, иако и претходно повеќе пати ја носеше капитенската лента откако во 2015 година стана официјален вице-капитен, улога која сега ќе ја има Бускетс.
Меси ќе оди на прва титула со Барса како капитен веќе во недела, кога тимот на Ернесто Валверде игра со Севилја во шпанскиот Суперкуп. Минатата сезона, Барселона загуби само еден меч при освојувањето на Ла лига, а го освои и Копа дел Реј, иако потфрли во ЛШ, каде што загуби во четврт-финалето од Рома.
?? Cuatro capitanes de la cantera
1⃣ Messi
2⃣ Sergio
3⃣ @3gerardpique
4⃣ @SergiRoberto10https://t.co/QjxGiBEp40— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) August 10, 2018