Top Sport

Модриќ: Калиниќ може да се врати, но треба прво да се извини

Никола Калиниќ порача дека е подготвен да се врати во хрватската репрезентацијата по неславното бркање од тимот за време на Светското првенство во Русија, и капитенот Лука Модриќ вели дека има некои работи кои прво треба да се направат.

Калиниќ, кој ова лето направи трансфер од Милан во Атлетико Мадрид, беше избркан од селекторот Златко Далиќ откако двапати одби да влезе во игра во финиш на натпреварите жалејќи се за повреда.

„Тешко е да се објасни, но секако дека сакам да се вратам, иако работите мора да се сменат. За тоа што се случуваше во Русија не сакам да зборувам бидејќи доста беше напишано. Тоа е минато. Тоа е долга приказна и завршена е“, изјави Калиниќ.

Капитенот Лука Модриќ вели дека би му посакал добредојде на напаѓачот, посебно бидејќи Хрватска сега е „тенка“ на таа позиција.

„Мило ми е да слушнам дека Калиниќ сака да се врати во репрезентацијата. Неговата желба и извинувањето се предуслов, а неговите квалитети се несомнени. Тој би бил важен за репрезентацијата и посакувам работите да се решат на вистински начин“, вели Модриќ.

Калиниќ го одби среброто: Јас не играв во Русија

Scroll to Top