Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, го обележа неодамна завршеното Светско првенство во Катар. Неговата Аргентина ја освои светската титула, а 35-годишниот капитен на „гаучосите“ на нацијата по пауза од 36 години и ја донесе златната „Божица“.
Меси беше прогласен за најдобар играч на турнирот, а во Катар собори дури 12 светски рекорди.
1. Најмногу настапи – 26
2. Најмногу асистенции -9
3. Единствениот играч кој постигнал барем по еден гол во секоја фаза од Светското првенство откако на Мундијалите учествуваат 32 репрезентации
4. Најмногу одиграни минути – 2314.
5. Единствениот играч кој забележал барем една асистенција на секое Светско првенство на кое учествувал.
6. Единствениот Аргентинец кој постигнал гол на четири различни светски првенства.
7. Фудбалер кој најмногу пати бил капитен – 18.
8. Најдиректно учество во голови – 22 (13 гола и 9 асистенции).
9. Најмладиот фудбалер кој играл на пет светски првенства до 35 години.
10. Најмногу награди за играч на натпреварот – 11, што значи дека е прогласен за најдобар во 42 отсто од одиграните натпревари.
11. Најдолго растојание меѓу првиот и последниот гол. Првиот го постигна во 2006 година против Србија и Црна Гора, последениот во финалето против Франција во 2022 година.
12. Најстариот фудбалер кој постигнал гол и асистирал на исто Светско првенство – 35 години, 5 месеци и 19 дена.