Top Sport

Месут Озил стави крај на кариерата

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил одлучи да стави крај на кариерата. Тој зенитот го имаше во Реал Мадрид и во Арсенал, а последните години ги помина во турскиот фудбал.

„Сакам да им се заблагодарам на сите тимови, како и тренери кои ме поддржуваа. Специјална благодарност и до моето семејство и моите пријатели кои беа дел од моето патување од првиот ден. Сега со нетрпение го чекам тоа што е пред мене со мојата сопруга Амине“, истакна Озил.

Најголемиот успех со Германија му е титулата на СП 2014, а во клупската кариера освојуваше трофеи во Англија, Шпанија и во Германија.

За германската селекција одигра вкупно 92 натпревари и постигна 23 гола.

Од неговите индивидуални достигнувања, вреди да се спомене дека пет пати беше прогласуван за најдобар германски играч на годината, а двапати беше вклучен во најдобрите 11 по избор на УЕФА. Во сезоната 2015/2016. беше најдобар асистент во Премиерлигата.

Scroll to Top