Top Sport

Русите ќе си организираат паралелни олимписки натпреварувања?

Претседателот на Рускиот олимписки комитет, Александер Жуков најави дека ќе треба да се организираат натпреварувања за руските спортисти кои ќе решат да не се натпреваруваат на Олимпијадата во Пјеонгчанг во февруари под неутрално знаме.

ИОЦ во вторникот ја суспендираше Русија од Игрите поради докази за „систематска манипулација“ на допинг-тестирањето, но отвори можност „чистите“ спортисти да се натпреваруваат под името „Олимписки спортисти од Русија“. За Жуков ова е неприфатливо.

„Мораме да имаме алтернативно натпреварување за тие кои ќе решат да не одат на Олимписките игри, а во исто време да ги поддржиме тие кои ќе одат. Неприфатливо е да ги обвиниме тие кои ќе одат дека не се патриоти“, изјави Жуков во интервју за „Р-Спорт“.

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека Русија нема да ги спречува спортистите кои ќе сакаат да одат во Пјеонгчанг, отфрлајќи ги најавите за олимписки бојкот. Конечната одлука ќе се донесе на состанокот на Рускиот олимписки комитет следната недела.

Путин: Русија нема да ги спречува спортистите да одат во Пјеонгчанг

Scroll to Top