Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар во Софија, помеѓу Бугарија и Англија (0-:6), објави агенцијата Ројтерс.
Бугарските навивачи покрај расистичките навреди го користеа и нацистичкиот поздрав. Поради ваквите испади премиерот на Бугарија Бојко Борисов го повикал Михајлов да поднесе оставка.
Жестоки казни поради случувањата на стадионот „Васил Левски“ најавил првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
Фудбалскиот сојуз на Бугарија во актуелниот квалификациски циклус веќе бил казнуван поради расистички испади на навивачите. Поради тоа се очекува Бугарите за инцидентите со Англија да бидат жестокот казнети.