Синиша Михајловиќ во минатото бил пред промоција во тренер на Јувентус открил спортскиот директор на „старата дама“ Фабио Паратичи.
Во својата досегашна кариера Михајловиќ работел во неколку италијански клубови, а малку недостигало да биде и предводник на Јувентус.
Минатите сезони името на Михајловиќ често се поврзуваше со најтрофејниот италијански клуб.
„Тоа е точно. Михајловиќ беше блиску да потпише со Јувентус, но нема да ви откријам за кој период станува збор“, изјавил Паратичи за „Тутоспорт“ и дополнил.
„Пред се Синиша е голем пријател, драго ми е што го гледам повторно на клупата на Болоња. И пред да се разболи знаев дека тој е голем борец, сега имам уште една потврда“.
Михајловиќ пре десетина дена ја напушти болницата во Болоња откако успешно го завршил последниот, трет циклус на лекувањето од леукемија.